За нас
Започнавме со идеја која ја преточивме во проект каде вложивме многу труд и љубов. Преку соработката со одредени домашни компании кои имаа потреба од нашите услуги, официјално ги отворивме вратите и за пошироката јавност.
Ние сме динамична и иновативна маркетинг агенција која се одликува со обезбедување на сеопфатен пакет на услуги, дизајнирани за подобрување на имиџот и препознатливоста на компаниите и брендовите.
Со повеќе од 15 години меѓународно искуство во полето на маркетинг имаме огромен мотив и желба да ги пренесеме светските трендови на домашниот пазар како би ја подобриле бизнис климата на целата територија.


Нашиот пристап
Секој клиент е уникатен. Затоа решенијата што ги нудиме се секогаш приспособени на вашите цели. Почнуваме со длабоко разбирање на вашиот бренд, ја дефинираме целната публика и креираме стратегија што ќе ја претвори вашата визија во резултати.
Наши услуги:
⦿ Управување и креирање содржини за социјални медиуми
⦿ Дигитален маркетинг и рекламирање
⦿ Веб дизајн и развој
⦿ Брендирање и графички дизајн
⦿ Консултантски услуги за раст и развој
Зошто ние?
✓ Комбинираме креативност со јасна стратегија и ефективна имплементација.
✓ Создаваме мерливи резултати што ја зголемуваат продажбата и препознатливоста.
✓ Градиме долгорочни партнерства засновани на доверба и транспарентност.
✓ Внесуваме светски трендови во локалниот пазар за да ја подигнеме вашата конкурентност.
Нашата визија
Да бидеме агенција која го подигнува стандардот на маркетинг услугите во Македонија и регионот, инспирирајќи компании да бидат поиновативни, посмели и попрепознатливи.
Време е вашиот бренд да проговори со јасен и силен глас!
Контактирајте нè денес!




Наши клиенти




Сумус ми помогнаа да го подобрам моето дигитално присуство и да привлечам нови клиенти.
Стефан
Професионалци со креативен пристап. Mногу сум задоволнa од нивните услуги и поддршка.
Бојана